Хидроизолација
во еден или повеќе слоеви.


Со поставувањето хидриозолација, на објектите им го продолжуваме векот. Наш предлог е ПВЦ хидроизолација, која во зависност од потребите на објектот, ја има во повеќе дебелини.
ПВЦ хидроизолацијата е наменета и за заштита на тунели и истата се монтира и изведува по посебни барања од проектанти поради специфичноста на објектите.
Рамниот кров во градежништвото е најпроблематичниот конструкциски спој и како таков често е изоставуван. Прима највеќе сончеви зраци, а со тоа и УВ зраци, дожд, снег, прав и др. Бидејќи одводнувањето е слабо поради малите падови, дождот и снегот имаат поголемо влијание. Со правилно планирање, изведба и избор на материјали, рамните кровови траат неколку децении, но мора да се внимава и на нивно одржување.
Наш предлог за изведба на рамен кров и темели е ПВЦ хидроизолација која според потребите на објектите доаѓа во различни дебелини, истата е УВ стабилна и корено непробивна, при оштетување лесно се лоцира, а санацијата е брза.
За акумулации на дождовна вода, или вештачки езера, се користи материјал кој има голема еластичност како HDPE материјал со различна дебелина според потребите на објектот.