Епоксидни подови
Чисто и здраво!
(Чекорете безбедно)


Потреби на подлога
Во самиот старт на поставување на индустрискиот под се води сметка за процедурата на изведување на индустрискиот под на основа потребите на објектот.
За квалитетен и долготраен епоксиден под потребно е да задоволме неколку бaрања како: Марка на бетон МБ 30 кој во себе содржи фракција не поголема од 16мм, без сегрегација и испливување на цементното млеко и квалитетна изведба на Хидроизолација ако се работи на подрумски простории со цел спречување на капиларната влага, сува и чиста бетонста подлога без никакви адитиви за хидроизолација и убрзувачи на бетонот, стар бетон не помалку од 28 дена, влажност на бетонот до 4%, машински обработен со хеликоптерка, но не до црн сјај, бидејќи бетонот потоа се бруси со дијамантен камен, идеална температура за работа е 25 степени целзиусови и влажност на воздухот 65-70 % во затворен простор од неконтролирана циркулација на воздух (провев). Доколку се работи за стара подлога, маснотиите се острануваат, а вдлабнатините се пополнуваат со соодветен материјал, но не со цементен малтер, и неопходна е посета на објектот за калитетен одговор на решавање на проблемот, на бетонот не смее да има слаби и лабави делови. Падовите на подлогата се прават со бетон, бидејќи епоксидните подови се со дебелина од 3-5 мм и со истиот не може да се изведуваат падови, секако, доколку изведувачот и инвеститорот не се договорат за нешто друго (зависно од ситуацијата на објектот). Бетонот се дилетира според конструкцијата на подлогата или по потреба на истата, но најдоцна 2 дена по завршување со бетонирањето и на полиња не поголеми од 40м2.
ИНДУСТРИСКИ ЕПОКСИДЕН ПОД
Се изведува во рапава и мазна форма, најчесто се применува во индустриите за производство на храна, но и за високо оптоварени површини каде што е предвиден под со висок квалитет на абење.
Припремата за изведба е класична со брусење на бетон или сачмарење.
Дебелина на нанесениот слој: 3-4мм
Стабилен на температура од -40 до +70 степени;
Палета на бои: неограничени и уникатни.
Може да се изведе како мазна и сјајна површина и како рапава и нелизгачка површина.
- Голема отпорност на гребење и удари;
- Задоволува високи стандарди за хигиена;
- Може да се постави и врз подно греење.
- Подот е монолитен;
- Водонепропустлив;
- Индустриски подови со средно и тешко оптеретување;
- Работилници;
- Складишта и магацини;
- Изложбени и саемски центри;
- Училишта и канцеларии;
Рапавите подови највеќе се користат во простории изложени на константен тек на вода. Мазните епоксидни подови се наменети најмногу за во фармацевската индустрија, но и за суви површини каде што е потребно чиста и мазна подлога.

ДЕКОРАТИВЕН ЕПОКСИДЕН ПОД
Двослоен премаз на база на епоксидна смола за бетонски и слични подлоги.
Дебелина на нанесениот слој: 3-4мм
Стабилен на температура од -40 до +70 степени;
Палета на бои: неограничени и уникатни.
Може да се изведе како мазна и сјајна површина и како рапава и нелизгачка површина.
- Голема отпорност на гребење и удари;
- Задоволува високи стандарди за хигиена;
- Може да се постави и врз подно греење.
- Подот е монолитен;
- Водонепропустлив;
- УВ нестабилен;
- Декоративен.
- Индустриски подови со средно и тешко оптеретување;
- Работилници;
- Складишта и магацини;
- Изложбени и саемски центри;
- Училишта и канцеларии;
Во поново време синтетичките смоли придонесоа за подобрување на подните облоги. Поради монолитноста, епоксидните подови се употребуваат и како декоративни, ги има во повеќе варијанти и како такви допринесуваат за перфектност во ентериерот на Вашиот деловен простор или стан.

ЕПОКСИДНИ ПОДНИ ПРЕМАЗИ
Се изведува во рапава и мазна форма, најчесто се применува за магацини кои не се високо оптеретени но бараат чиста површина. Припремата за изведба е класична со брусење на бетон или сачмарење.
Дебелина на нанесениот слој: 1-2мм
Стабилен на температура од -40 до +70 степени;
Палета на бои: неограничени и уникатни.
Може да се изведе како мазна и сјајна површина и како рапава и нелизгачка површина.
- Голема отпорност на гребење и удари;
- Задоволува високи стандарди за хигиена;
- Може да се постави и врз подно греење.
- Подот е монолитен;
- Водонепропустлив;
- Индустриски подови со средно оптеретување;
- Работилници;
- Складишта и магацини;
- Изложбени и саемски центри;
